Во склоп и финализирање на проектот за бришење на графитите и содржините со провокативна содржина на најударните места во централното градско подрачје и разубавување на музичкото училиште, Ротари клубот Охрид деновиве изврши бојадисување и покривање на вандалските написи кои беа испишани на репликата на Охридска куќа кај градското пристаниште.

– Ваквите написи, од поединци, групи, локални и навивачки групи од другите градови од нашата држава посебно на овој објект, за жал се честа појава. Па токму заради тоа, нашиот клуб со оваа акција сака да ја подигне свесноста за чистотата на јавните површини и објекти и исто така да упати апел до сите граѓани и посетители на Охрид  да се воздржат од ваквите со закон казниви дејствија. Исто така сакаме на напоменеме и да укажеме дека граѓаните и посетителите на Охрид треба да се однесуваат со внимание и почит кон сите објекти кои служат за културна промоција на нашиот град и да овозможат непречено запознавање со тие објекти на тие кои истото сакаат да го направат, притоа не попречувајќи ја нивната желба со затварање на просторот околу тие објекти со најразлични превозни средства. -велат од Ротари клубот.


Нов слој боја ги покри графитите на Охридската куќа

OhridNews