После дефанзивецот Даниеле Ругани и францускиот интернационалец Блас Матуиди, нов позитивен фудбалер на коронавирусот во Јувентус е репрезентативецот на Аргентина, Пабло Дибала. Информацијата ја потврди Дибала кој откри дека и неговата девојка Ориана Сабатини е позитивна.

Здраво на сите, сакав да ве информирам дека нашите резултати се позитивни. Среќа е што сме во идеална состојба и ви благодариме за поддршката. – рече на социјалните мрежи Дибала.

Ова е втор случај на зараза на „дечко и девојка“ во Јувентус. Во првиот случај, Ругани ја зарази својата девојка Микела Персико која е бремена.

OhridNews