Екипата на Атлетико Мадрид и навивачите на шпанскиот клуб, се соочија со нов шок и загуба откако почина легендата Хозе Луис Капон. Причина за смрта на 72-годишниот Луис Капон биле последиците од Паркинсоноваа болест.

Капон одигра девет сезони и 269 натпревари за „јорганџиите“, предводејќи го тимот кој ја освои титулата во 1973 и 1977 година и Копа дел реј во 1976 година.

Ова е втора трагедија во составот на Атлетико Мадрид. Вчера, „јорганџиите“ ја потврдија шокантната вест дека изненадувачки почина 14-годишниот фудбалер Минчола.

OhridNews