Утрово Охрид осамна под снег. Покривката е минимална и изнесува околу еден сантиметар. Највисока е во Лазарополе – 66 сантиметри, Маврово – 54.
Најстудено утрово било во Берово, каде се измерени – 12 степени Целзиусови, Маврово -8, Струмица -7, Скопје -6.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб а во западните делови повремено умерен источен ветер, информира УХМР,
OhridNews