Граѓаните од денеска ќе можат да пријават злупотреба на деца, педофилија, бездомници, стари иизнемоштени, како и други лица кои се во каков било социјален ризик, на бесплатниот СОС телефонски број 15 505.
– Со еден телефонски повик ќе разбудиме илјадници родители кои воспитно ги запуштаат и занемаруваат сопствените деца. Со еден повик ќе спасиме и многу други деца кои на овој или оној начин се нашле во социјален ризик, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на промоцијата на новиот СОС телефон.
Спироски упати апел до граѓаните преку бесплатниот СОС телефон да ги известат надлежните служби за социјално загрозени лица, но и за секој сомнителен случај на злоупотреба на деца, појава која за жал во последно време кај нас е во пораст.











