Македонија од денеска ќе биде под влијание на нов студен бран.
Времето денеска ќе биде променливо облачно проследено со повремени врнежи од дожд во пониските и снег во повисоките делови. Во текот на денот врнежи од снег ќе има и во пониските делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој во попладневните часови ќе поминува во северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Студено време со врнежи од снег не очекува и во наредните денови.












