Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одново ги разочараа своите навивачи, откако на Олд Трафорд ремизираа со тимот на Барнли без голови 0-0.
„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во резултатска криза во Премиер лигата и веќе четири натпревари немаат забележано победа, што ги „спушти“ на средината од табелата.
Градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити најде рецепт за излез од црната серија совладувајќи го составот на ВБА со убедливи 4-0. По два пати мрежата на противниците ја погодија Серхио Агуеро и Илкај Гундоган.
Резултати: Сандерленд – Арсенал 1-4, Мен Ју – Барнли 0-0, Мидлзброу – Бурнмаут 2-0, Тотенхем – Лестер 1-1, Ватфорд – Хул 1-0, ВБА – Мен Сити 0-4, Кристал Палас – Ливерпул.
Табела: Мен Сити 23, Арсенал 23, Ливерпул 20 (-1), Тотенхем 20, Челси 19 (-1)…
OhridNews