Не мирува тлото на Балканот по разорниот земјотрес со јачина од 6.4 степени што рано утрово го погоди регионот на Драч и Тирана, Албанија, во кој има загинати и повредени, а урнати се голем број објекти.

По најсилниот потрес регистрирани се повеќе послаби потреси во целиот регион. Најсилниот е регистриран утрово во 10.30 часот во БиХ, со јачина од 5.4 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот бил 79 километри северозападно од главниот град Сараево.

OhridNews