
Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и американскиот мировен корпус, во периодот од септември до декември 2013 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе ја развиваат емоционалната сигурност, како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.
Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава лично во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-15 часот, до 13-ти септември 2013 година.











