соопштил дека напаѓачот се договорил со друга екипа и по завршувањето на
сезоната ќе замине од редовите на ’милионерите’.
Бертел не соопштил за кој тим станува збор, но познато е дека изминатите
месец за Левандовски интерес покажуваа манчестерските тимови Јунајтед и
Сити, како и Баерн односно Јувентус.
„Постигнавме договор со друг тим и трансферот ќе биде реализиран ова
лето. Сите барања на Борусија се исполнети“, изјавил Бартел за „Билд“.
Претходно, во четвртокот, претседателот на Борусија Ханс Вацке, најави
дека Левандовски останува, дури и по цена Полјакот по истекот на
договорот да замине без обештетување. Левандовски со Борусија има
договор кој истекува во јуни 2014 година.
„Постои интересна понуда за Роберт која ги задоволува неговите и
барањата на Борусија. Во клубот ме уверија дека под тие услови тој ќе
може да замине. Сега целата работа е во рацете на луѓето во клубот“, дополнил Бертел.
Борусија пред два дена објави дека клубот по завршувањето на сезоната ќе го напушти Марио Геце.