На неодамна одржаниот Прв интернационален фестивал „Тремоло“ во Скопје, младата охридска гитаристка, Анастасија Милеска, го освои првото место.

Во конкуренција на ученици родени 1996 година, Милеска по трите изведени композиции од меѓународното стручно жири доби 98 бодови, што и ја донесе победата на фестивалот.


Нов успех на талентираната охридска гитаристка Анастасија Милеска

Талентираната Анастасија Милеска, основното музичко образование го стекна во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид во класата на професорот по гитара Александар Крстаноски. Таа своето знаење сега го надградува во средното музичко училиште во Скопје.

OhridNews