Македонската женска репрезентација во јуниорска конкуренција избори пласман на Европското првенство кое годинава ќе се одржи во Словенија.
„Црвено жолтите“ како второпласирани на табелата ги завршија квалификациите кои викендов се одиграа во скопската сала „Кале“.
Клучна победа македонските ракометарки забележаа во последната трета рунда во одлучувачкиот меч со Фарски Острови (23-19).
Покрај нашата земја на ЕП пласман обезбеди селекцијата на Унгарија која со три победи финишираше на првата позиција во квалификациската група.
Фото: Gol.mk
OhridNews