Предлог законот, ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија за да се стави на расправа по скратена постапка.
Според најавите овој закон во процедура би можел да влезе уште денеска.
Пописот на населението и домаќинствата беше прекинат на четири дена пред завршувањето поради различно толкување на одредени одредби од законот кои се однесуваат на методологијата на пописот, поради што Државната пописна комисија поднесе колективна оставка.