Се засадува нов зелен појас од украсно зеленило на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“. Во делот на подготвителните активностите за засадување на зеленилото ангажирани се екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.

Покрај уредување на зелениот појас се врши и партерното уредување на просторот од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Градски гробишта“.

Според планираното, ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“, информира Локалната самоуправа.

OhridNews