Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер вечлерва во 19.54 часот бил почувствуван во Скопје. Епицентарот бил во скопско Арачиново.

Специјализираните светски портали за следење на земјотресите, пак, претходно објавија дека Скопје било погодено од помал земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер.

Во Скопје денеска биле почувствувани серија помали земјотреси. Најсилните потреси се случија во 14.19 часот попладнето со магнитуда од 3.7 според Рихтер и вечерва нешто пред 20 часот со јачина од 4.8 степени. Најсилниот во серијата земјотреси во скопскиот регион беше регистриран вчера попладне со јачина од 5.3 степени според Рихтер.

Серијата земјотреси во скопско предизвикаа оштетувања на стотици објекти, а на повреди, главно предизвикани поради паника, се пожалиле стотици граѓани.

OhridNews