Земјотрес е почувствуван попладнево во југозападните делови на земјава.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје во 15 часот и 28 минути, регистриран е  земјотрес со јачина од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала со епицентар на територијата на соседна Грција.

Земјотрес во истото епицентрално подрачје имаше и вчера. И тој потрес, како и денешниот беа почувствувани во Охрид.

OhridNews