Екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид започнаа со градежни активности за поставување на нова атмосферска канализација во населбата „Христо Узунов“. Се поставуваат цевки за одведување во должина од 70 метри, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем со насобирање на атмосферска вода на коловозот, во овој дел од населбата, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму, информираат и дека во тек се работни активности за асфалтирање на улицата „130“ и крпење на ударни дупки на улицата „Сирма Војвода“.
Предвидено е активностите да завршат до крајот на оваа седмица.
OhridNews













