.jpg)
Потоа според Манчевски, од разговорите станува јасно дека зад проектот Скопје 2014 стои лично Груевски, кој признава и дека Валентина Стефановска е режимска скулпторка.
Груевски, како што наведе Манчевски се занимавал и со дизајнот на новите автобуси на ЈСП. Можеше и да се слушне, како што наведе Манчевски како самите функционери од власта предлагаат во Скопје да се направи Дизниленд и проширување на Луна паркот на сметка на зеленилото како и тоа каква административна зграда во барок стил треба да има градот Скопје.
Во разговорите можеше и да се слушне, како властите, според Манчевски признаваат дека на многу споменици на културата им го одземале статусот и како државата повеќе нема толку пари за „Скопје 2014“ и крати на квалитет на материјалите за изградба, како и тоа дека Груевски не сакал да дознае во јавноста колку пари се потрошени на проектот.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“










