„Три оставки не се доволни, не се мачи Груевски и не барај нови жртви. Твојата оставка ја бара Република Македонија, ти си налогодавачот и ти си нарачателот на матните игри“ изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција, на која беа објавени нови аудио снимки од проектот „Вистината за Македонија“.

-Од кумот на Никола Груевски, Зоран Ставрески, слушнавме признание како тие во власта не се нормални. Денеска Груевски ќе ви признае: „Не и оди работата на оваа влада“, „Еден голем проект не и тргна на владата“, „Една хидроцентрала не изгради владата“. Од Груевски ќе слушнете како тој за себе и за соработниците лично вели: „Нас нешто ни фали“. За да го покрие она што фали Никола Груевски од позиција на премиер најдрско влегол во невидено беззаконие, рече Заев.

Тој истакна дека аудио снимките од денешната 34-та „бомба“ ќе ги исцртаат јасно контурите на владетелот, кој за да опстои ги поништил Уставот и законите и станал „deal oriented“, а потоа тоа го побарал и од своите најблиски соработници.

OhridNews

Извор:„Радио Слободна Европа“