Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, ќе има нови цени на горивата. Цената на бензините се зголемува за 0,5 и 1 денар, додека дизелот останува непроменет.

Со ова поскапување цената на EУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува по 62,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 64,5 денари, а додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 60 денари за литар.

OhridNews