Нова дива депонија мапираа членовите на Здружението „Енехелеус Лихнид“.

До самото езеро не пречека еден куп ѓубре, исфрлено од несовесни граѓани. Оваа локација е на дивата плажа во близина на хотел „Гранит“, велат од здружението.

Упатуваат апел секој своето ѓубре да го одложи каде му е местото, а надлежните институции да постапат поинтензивно со мапирање и расчистување на вакви локации кои оддаваат лоша слика во градот.

Целта на ваквите иницијативи за мапирање, но и акциите се преземаат за да се подигне еколошката свест кај граѓаните, како и градот да стане почисто и подобро место за сите, додаваат од здружението.

OhridNews