Во рамки на активностите за подобрување на условите за следење настава, деновиве во новиот објект на основното училиште „Григор Прличев“ се изврши промена на старата со нова дограма.
Нови прозорци се поставени во седум училници, пет кабинети и две стојалишта на првиот кат, како и во холовите на приземниот кат.
Од локалната самоуправа информираат дека во месец јануари 2020 година, општина Охрид започнува постапка за реконструкција на сите санитарни јазли во сите училишта, а ќе се продолжи и со промена на старите азбесни кровови на сите училишта на територијата на општина Охрид.
OhridNews













