Членови на Македонското еколошко друштво (МЕД), деновиве, со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража. Eдинката е здрава женка, на возраст од 2–3 години, тешка 15 kg.

Ова е втора женка рис што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Женката претходно беше снимена минатата година на истиот локалитет со помош на фотозамки. „Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите лоцирања со помош на GPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето“, велат од друштвото.

Ловџиите од ловечкото друштво „Сокол-З“, одлучија женката да го добие името Нарциса.

OhridNews