Деновиве се изведуваат работни активности од втората фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.

Се работи за одводна мрежа во должина од 260 метри и соодветни приклучни шахти. Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се предвидени 1.300.000 денари. – информира градоначалникот Георгиески.

Како дел предвидените активности за подобрување на инфраструктурата во повеќе населени места во Општина Охрид, деновиве се реконструираат улици во градот и околината. Заврши  асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани, а во наредниот период  следува асфалтирање на улици во селата Рача, Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“, објави градоначалникот Георгиески.

OhridNews