Десет милинои евра плус Хулио Баптиста е новата “кралска“ поунда за потписот на Горан Пандев во Реал Мадрид. На најновата понуда на “кралевите” објавена во италијанските медиуми, првиот човек на Лацио Клаудио Лотито, “лаконски“ одговори

Не! Пандев е дел од иднината на Лацио“.

За десетина дена ова е втора понуда од Реал Мадрид до Лацио. Минатиот викенд “кралевите” понудија пари плус Савиола но одговорот од Рим беше ист.

Горан Пандев има уште 15 месеци договор со Лацио и во јуни за сума од околу 3.000.000 евра може да го откупи договорот. Затоа управата на римјаните притиска Пандев да го продолжи договорот до јуни 2011 година.