Германската компанија „Костал“  ќе инвестира во новата Технолошко- индустриска развојна зона во Струга која свечено беше промовирана во август. Во почетокот ќе се произведуваат мехатронички производи, а ќе се овозможат нови 1000 работни места, објави денес на својот фејсбук профил, премиерот Никола Груевски.

Тоа значи  1000 нови вработувања за охриѓани и стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека се реалност и имаат корист за народот. По Гентерм и Капкон, Костал е трета инвестиција во само седум дена. Објава за 2500 нови работни места за само една недела, вели премиерот Груевски.

Технолошко- индустриската развојна зона во која ќе инвестира компанијата „ Костал“ е предвидено да претставува индустриски комплекс, кој со влез на нови инвестиции ќе овозможи развој и примена на нови технологии и зголемување на конкурентноста во меѓународната трговска размена,а истовремено да влијае врз растот и развојот на економијата во регионот.

Се протега на површина од 30 хектари, се наоѓа на  4,5 километри оддалеченост од Струга, 10 километри од Охрид и 164 од Скопје.

OhridNews