Преминот од старата во Новата година, беше одбележан  со сектакуларен огномет од највисокиот врв на Галичица (“Магаро“ 2245 метри надморска височина), кој покрај охриѓани можеа да го видат и жителите на околните населени места во Албанија и Грција.

Петчлена експедиција од  Единицата за спасување при Црвен Крст од Охрид искачувањето на Магаро  го започна на 31 декември во 21 ч. од претходно подготвената база на планинана Галичица.

На врвот планинарите пристигнаа во 23:30ч., а неколку минути  пред полноќ започна огнометот од “Магаро“ кој можеше да се види и од плоштадот во Охрид каде околу 10.000 луѓе присуствуваа на дочекот на Новата година.

“Целта ни е да покажеме дека имаме сили, знааење и капацитет да развиваме планински туризам на високо ниво“, ни изјави Антонио Додоски од Единицата за спасување при Црвен крст Охрид.

Експедицијата доби подршка од Националниот парк “Галичица“ и од локалната самоуправа, со што Охрид го направи првиот чекор во промоцијата на планинскиот туризам.