Градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико на 28 мај во италијанскиот град Милано одново ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на Шампиони.


На Атлетико во финалето им се приклучија „кралевите“ кои со минимални 1-0 го совладаа Манчестер Сити и со таков вкупен резултат го минаа полуфиналето. 

Човек на одлука во полуфиналниот дуел на Сантијаго Бернабеу беше Герет Бејл кој со помош од Фернандињо во 20-та минута од натпревар ја затресе мрежата на Џо Харт.


„Граѓаните“ апсолутно ништо не покажаа, ниту пак пробаа да го загрозат Кејлор Навас што ќе им ги отвореше вратите за финалето.

Реал и Атлетико пред две сезони одиграа меч за паметење во финалето во Лисабон. На победата по дополнителните триесет минути се радуваше Реал кој ја освои легендарната „ла десима“ во Лигата на Шампиони.

OhridNews