Нова Импровокација овој викенд во Центар за култура “Григор Прличев”
14.03.19 07:00
Центар за култура „Григор Прличев“
Од 16.03.2019 - 20:00 до 16.03.2019 - 21:00
Оваа сабота, 16 март, со почеток во 20:00 часот, во центарот за култура, на керал сцената, љубителите на забавата и остриот хумор ќе можат да ја проследат новата Импровокација, која е седмо издание во нејзината петта сезона.
Импровокација е проект на професионалните актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин – Жура како организатор (совест на шоуто).
“Импровокација” е фузија од канадските техники за “театарски спорт” и американските техники за театарска импровизација. Таа припаѓа во таканаречената “кратка форма” на театарска импровизација во коишто се играат не помалку од 12 различни “игри” за 70-тина минути и тоа ја прави да е многу динамична и забавна. Дијалогот, мизансценот, карактерите и приказните, во нивна најчиста форма, се создаваат во мигот, пред очите на публиката без никакви претходни подготовки. Точно заради тоа секоја изведба на “Импровокација”е премиерна и никогаш не може да се повтори уште еднаш, а тоа ја прави комична и спонтана.
Карти по цена од 200 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, или со резервација на телефонскиот број 075283066.
Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе би...
Од 13 до 15 ноември, „Home Center“ во Охрид ги пречекува посетителите со попусти на новогодишниот асортиман, намалени цени на дел од останатата понуда и послужување за сите Празничната атмосфера по...
Форумот на словенските култури, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, организира меѓународна работилница под наслов „Заштита и промоција на културното насле...