Општина Охрид, како партнер во проектот “ Зајакнување на малите и средните претпријатија – пат кон економски раст и пристапување кон ЕУ” финансиран од Словачката агенција за развој на меѓународната соработка ( СловакАид ) раководен од Регионалната Комора на Братислава и Стопанската Комора на Македонија како главен партнер од Македонија, денеска ќе добие информатичка опрема. Опремата ќе се користи во работата на Регионалниот инфо-пулт за поддршка на бизнисот во охридскиот регион.
Бизнис Центарот треба да го обезбеди првиот контакт со претставниците на бизнис секторот и преку оперативни услуги да обезбеди развој на приватниот сектор.
Проектните активности беа реализирани преку Одделението за Локален Економски Развој од Општина Охрид во соработка со Регионалната Стопанска Комора од Охрид и Стопанската Комора на РМ, како и Регионалната Комора на Братислава.
На 4 Октомври 2011 година, во просториите на Европската Унија во Скопје, планирано е да се одржи завршна Конференција на Проектот, при што ќе се потпишат и Договорите за основање на регионални бизнис инфо-пултови во Охрид, Битола, Неготино и Кочани.












