На  Саемот на книга што се одржува во Скопје утре ќе биде претставена новата книга на охридскиот писател Славе Ѓорѓо Димоски со наслов „Хаику на разгледници“. Оваа нова поетска форма на изразување на Ѓорѓо е произлезена од моментните „фаќања“ на ситуации и слики од неговите патувања по светот. Стиховите се запишувани на разгледници.

Книгата е составена од 33 хаику поделени во при групи (циклуси): „ИЗРАЕЛ“, „ТУРЦИЈА“ и „ПАРИЗ“. Изданието е двојазично, на македонски и француски јазик во превод на Надица Николоска.

OhridNews