Издаваштвото „Везилка 2011” ја издаде најновата книга на познатиот словенечки фолозоф Славој Жижек која носи наслов „ЛЕНИН 2017“ – сеќавање, повторување и разработка.

Како што е познато, оригиналноста и важноста на В.И.Ленин како револуционерен лидер најчесто се поврзуваат со преземањето на власта во 1917 година. Но Жижек во оваа нова студија и збирка на оригинални текстови на Ленин ја застапува тезата дека вистинската величина на Ленин може подобро може да се разбере од последните две години на неговиот политички живот. Русија преживеа странска инвазија, ембарго и стравична граѓанска војна, како и внатрешни востанија налик на она во Кронштат 1921 година. Новата држава била исцрпена, изолирана и дезориентирана. Како што се оддалечувала очекуваната светска револуција, за советската држава да опстане, морало да се направат нови патишта.

Жижек со својот силен и провокативен увод сугерира дека храброста на Лениновата мисла може да се препознае во неговата готовност без отстапувања да се соочи со реалноста на повлекувањето.

OhridNews