Тринаесет икони се украдени од црквата „Св. Никола“ во струшкото село Модрич, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 17-ти до 22-ри овој месец, од страна на непознат сторител извршена е тешката кражба со отворање на влезната врата од објектот.

Инаку, пред два дена беше ограбена и црквата „Св. Пресвета Богородица“ во ова село, при што се украдени шест икони со мотиви од повеќе светци нацртани на хартија и 12.000 денари.

Полицијата презема мерки за отркивање на сторителите.

OhridNews