Во резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов на Водно денеска ќе се одржи втората средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова Демократија, Имер Селмани.
Главна тема на состанокот, се очекува да биде актуелната политичка ситуација во земјата и можноста за нејзино надминување преку одржување предвремени парламентарни избори.
Ма средбата што се одржа пред два дена лидерите на четирите партии постигнаа напредок во преговорите и се согласија околу одредени услови за враќање на опозицијата во парламентот и одржување предвремени избори.












