Неоддамна, граѓаните реагираа дека во екот на туристичката сезона во Охрид, низ централното градско подрачје можат да се видат преполни контејнери со отпад.
Претходно од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираа дека и оваа туристичка сезона се работи со максимална ангажираност на вработените и специјалните возила за подигање отпад, а проблемите, кои за жал многу тешко се искоренуваат, произлегуваат од несовесното депонирање на зелен отпад, кабаст отпад, како и отпад од хартија, кои се депонираат во контејнерите наменети за депонирање на комунален отпад.