Биохемиската лабараторија при Општата болница Охрид доби нова опрема. Со истата како што посочуваат од Болницата ќе се подобри квалитетот на услугите.

Новиот интегриран апарат за биохемиски и имунолошки анализи кој меѓудругото е прв од ваков вид во нашиот регион, сместен во одделот за Биохемиско- лабораториска медицина претставува современо и ефикасно решение со висока точност, брзина и сигурност во дијагностиката. Апаратот овозможува автоматизирано извршување на широк спектар биохемиски и имунолошки тестови на еден систем, со минимална потреба од рачна интервенција, велат.

Со напредна технологија, висока репродуктивност на резултатите и брзиот софтвер за управување со податоци, интегрираниот систем ја подобрува работната ефикасност и го намалува времето на анализа, потенцираат, додавајќи дека обезбезбедува и сигурни резултати кои се клучни за точна и навремена медицинска одлука.

Новиот хематолошки бројач со CRP и седиментација овозможува прецизна и брза анализа на диференцијална крвна слика со показатели на воспалителни процеси во телото. Апаратот обезбедува сигурни резултати, автоматизирана работа и зголемена ефикасност во болничките и лабораториските услови, придонесувајќи за навремена и точна дијагноза, истакнуваат од Болницата.

Воедно, информираат дека во блиска иднина ќе се реализираат уште проекти на ова одделение.

OhridNews