На свеченост што ќе се одржи денеска на градското пристаниште, организацијата „Флоријан“ од
Манчестер, Англија, на Единицата за спасување на вода при Црвен крст Охрид, ќе и додели вредна донација-опрема за
спасување на вода и укажување прва помош.

Донацијата се состои од од два вонбродски мотори за спасителни чамци, 15 дефибрилатори, елеци и бови за спасување.

Доделувањето на опремата ќе го изврши заменик Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Џерард Мекгирк. На свеченоста ќе присуствуваат високи претставници на Флоријан, претставници на Црвен крст на Македонија, на општина Охрид и други, а предвидено е да се реализира и показна вежба на спасување давеник од водите на Охридското Езеро.

OhridNews