Здравствените установи во Охрид, ќе добијат нова најсовремена опрема која ќе биде обезбедена во рамките на владиниот проект за осовременување на здравствените организации во земјава koj ќе биде спроведен наскоро.
Ова синоќа во Охрид го најави државниот секретар во Миниsтерството за здравство Киро Салвани, на отворањето на ИВ Конгрес на педијатрите на Македонија.

Во одделенијата каде што ќе се внесе пософистицирана опрема, каква што е предвидена во Специјалната болница за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања во Охрид, ќе треба да се реадаптираат просториите, додаде Салвани.
За таа цел предвидени се околу 3,7 милиони евра владини средства, кои ќе бидат инвестирани во адаптација на просторот. Спорд најавите на министерството за осовременување на здравстевените установи во земјава вкупно ќе бидат вложени 40 милиони евра.
Г. Момироски












