Репрезентацијата на Македонија забележа нова вкупно втора победа над селекцијата на Босна и Херцеговина совладувајќи ја 35-31 (19-17) во подготвителниот период за Светското првенство во Франција.


Втората тест средба која се одигра во Скопје беше од затворен карактер, за разлика од првата која беше отворена за публика и Македонија ја доби со 28-24.

„Црвено жолтите“ на вториот контолен натпревар настапија без Талески, Нелоски и Велковски кои имаа обврски со младата селекција во квалификациите за СП во Алжир.

Најпрецизен во составот на Македонија беше капитенот Кирил Лазаров со седум погодоци, а еден помалку реализираше пикерот, Стојанче Стоилов.

Серијата контролни мечеви со Босна ќе заврши в четврток, со третиот меѓусебен натпревар.

OhridNews