И во новата 2022 година продолжуваат подводните акции за чистење на езерото од страна на нуркачите од „Акватек“. Остануваат со пораката „Стоп за пластика. Чиста околина“, потенцирајќи дека треба да се престане да се користи пластика за една употреба.

Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба. Се друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки, велат од „Акватек“.

Во акцијата се вклучија нуркачите Игор Буловски и Никола Паскали. Акцијата беше во водите на Охридското езеро кај Стра град, а температура на вода била 7° С.

Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек“, реализира многу акции за чистење на езерото во кои беше извлечен габаритен шут и отпад кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.

OhridNews