Во пресрет на Новогодишните празници, ЛК Лихнидос презеде акција за осветлување на зградата на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.
Акцијата е дел од мега-проектот „ОХРИД – ГРАД НА СВЕТЛИНАТА“, кој трае веќе пет години и со кој досега се осветлени над 90 сакрални и профани објекти, училишта, градинки, споменици, бисти и спомен – плочи.
Станува збор за еден од најрепрезентативните објекти во градот, кој плени како со својата локација, така и со надворешниот архитектонски израз. Заедно со гимназијата и седиштето на Митрополијата, „Радничка“ ја има без сомнение највпечатливата фасада во Охрид.” – изјави Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на проектот.
Зградата на Заводот е изградена далечната 1929 година, во таканаречен класичен стил, со додадени ренесансни и барокни елементи. Долги години била седиште на женското занаетчиско и работничко училиште, па оттука и името „Радничка“.
Мило ми е што конечно ја осветливме оваа прекрасна зграда. Нејзината историја крие и еден куриозитет, за мене многу значаен. Имено, за нејзината изградба била покрената голема донаторска акција, како во Охрид, така и во дијаспората. Тука се наведува нашиот најголем мецена Михајло Пупин, како и неколку видни охридски личности. Меѓу нив е посебно е спомнат и книжарот Никола Герман, кој бил мој прадедо. – појасни Професорот Тунтев.
OhridNews