На 16- ти јуни, актерите од охридскиот Народен театар премиерно ќе ја изведат претставата “Свадбата на Итар Пејо”, од Бранислав Димитров, а во режија на Деан Дамјановски.

За сценскиот дизајн и костими се погрижи Кирил Василев, кореограф е Костадин Бетоски, а за музиката во претставата задолжен е  Златко Митрески. Светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура, реквизитер Борче Вељаноски.


Улогите во претставата ги толкуваат: Итар Пејо-Горан Стојаноски, берберот-Стрезо Стаматовски, Кумот-Никола Тодороски, Менка-Јасмина Билаловиќ, Дренка-Адријана Билаловиќ, Ценка-Билјана Билаловиќ .

Почеток на претставата е во 20 часот, а цена на билетот е 100 денари.

OhridNews