Центар за култура „Григор Прличев“

Од 30.11.2019 - 20:00 до 30.11.2019 - 21:30

Охридскиот Народен Театар ја најавува премиерата на новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Претпремиера на претставата е во петок, 29-ти ноември со почеток во 20 часот, а премиерната изведба е во сабота, 30-ти ноември.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓоргиевски, композитор на музикта е Марјан Неќак.
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев, инспициент: Филип Ангеличин – Жура, технички раководител: Зоран Левески, светло: Борис Велјаноски, тон: Митко Серафимоски, гардероба: Деса Лазороска, Линдита Мерко, реквизита: Соња Крстаноска, Маријана Николоска, сценски декоратери: Кире Ангелоски, Ѓоко Китоски, Горан Георгиески.

Картите за претпремиерата се по цена од 200 денари, а за премиерата 250 денари. Пуштени се во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

OhridNews