За десетина дена, најверојатно ќе се одржи нова рунда преговори за името, кога медијаторот Метју Нимиц, ќе ги повика преговарачите на двете земји во Њујорк, пренесува „Алфа“.

Исто така, нема ни информации дали Нимиц за евентуалните преговори ќе избере концепт на поединечни или заеднички средби со Зоран Јолевски, односно Адаматиос Василакис.
Инаку, последните разговори за името помеѓу двете земји со посредство на медијаторот, се одржаа кон крајот на јануари.
OhridNews












