За десетина дена, најверојатно ќе се одржи нова рунда преговори за името, кога медијаторот Метју Нимиц, ќе ги повика преговарачите на двете земји во Њујорк, пренесува „Алфа“.

Овој медиум повикувајќи се на дипломатски извори од Скопје, истакнува дека за сега нема потврда од кабинетот на медијаторот Нимиц, од каде според практиката, состаноците се објавуваат непосредно пред да се оддржат.

Исто така, нема ни информации дали Нимиц за евентуалните преговори ќе избере концепт на поединечни или заеднички средби со Зоран Јолевски, односно Адаматиос Василакис.

Инаку, последните разговори за името помеѓу двете земји со посредство на медијаторот, се одржаа кон крајот на јануари.

OhridNews