Неформалното еколошко движење Охрид SOS деновиве сподели фотографии направени на плажата после Трпејца, која е можеби најфотографираната локација на лето. Според информациите на еко движењето, ова ѓубре го депонира локалното население.

-Неодамна еден пар од странство, самоиницијативно, недалеку оттука, собраа десетици вреќи ѓубре. Зарем Општина Охрид и Охридски Комуналец немаат воспоставено служба за прибирање на отпадот од селото?! Не е познато дали и колку често одат возила на службите, за подигање на отпадот и како е тоа воопшто регулирано. Дивата плажа во никој случај не е соодветно место за одлагање на ѓубрето. Или можеби некој се надева дека трњето и грмушките ќе ги камуфлираат отпадоците? Какви ингеренции има месната заедница? Сезоната заврши, голем дел од туристите си заминаа, но некои навики останаа. – стои во објавата на Охрид SOS.

OhridNews