
Посредникот Ванхауте по завршувањето на вчерашните разговори изјавил дека на маса биле предлози на ВМРО-ДПМНЕ и оти заради партиски консултации за нив, нова средба ќе се одржи денеска во 17:30 часот во Клубот на пратениците.
Пред почетокот на средбата вчера белгискиот посредник изјави дека има нови предлози за медиумите и за прочистување на Избирачкиот список од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходни предлози на СДСМ. Ванхауте не ги коментираше предлозите и рече дека тие допрва треба да се разгледаат.
На средбата присуствуваа претставнции на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.
OhridNews











