Уште една трагедија ја вознемири македонската јавност. Според првичните информации од истрагата, 48-годишен маж во кичевското село Србјани, со секира ги нападнал своите родители, при што смртно страдал неговиот татко. Сторителот сам се пријавил во полиција.

Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, додава Димоски.

Г.М.
Фото: Илустрација