ЕВН Македонија ја воведе новата услуга „е-фактура“, со која сметките за потрошена електрична енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта. Со оваа услуга корисниците ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија, ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Бенефитите од услугата „е – фактура“ се повеќекратни,  се зголемува контролата на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите, информираат до компанијата.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и испратат формулар на електронската пошта ефактураЖевн.мк или, пак, формуларот директно ќе го достават во најблискиот  Кориснички енерго центар (КЕЦ). Формуларот може да се најде на интернет старната на ЕВН Македонија www.evn.mk или во сите приемни канцеларии на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ).

ОhridNews