Наместо фудбалерите и нивните потези, топ тема во италијанската Серија А (поворно) е Видео технологијата која им помага на судиите, позната како ВАР.

На дуелот Лацио – Фиорентина при резултатот 0-1 за домаќините досуден е сомнителен удар од белата точка. После прегледување на ВАР, пеналот е потврден а Лацио изедначи на 1-1. Подоцна, „лацијалите“ победија со 2-1. Во емисијата посветена за мечевите од Серија А фудбалски експерти едногласно рекоа дека досудениот пенал е престрог и фудбалерот треба да се казни со жолт картон за симулација.

Затоа, се поставува прашањето дали воопшто на фудбалот во Серија А и во светот му е потребен ВАР системот кога грешките се големи и очигледни.

OhridNews